Вести Свет Топ вести

Се распадна владината коалиција во Холандија- се бара построга политика за азил

Лидерот на холандската Партија на слободата, Герт Вилдерс, ја напушти владината коалиција, со што ја урна владата во Холандија.

Причината за распадот на коалицијата и владата, спроед Вилдерс, се неисполентите ветувања за воведување строги мерки за ограничување на миграцијата.

  • „Сакавме построга политика за азил, дури и повеќе отколку што беше предвидено во договорот. Гледате исто така дека многу од земјите во ЕУ, како Австрија, Полска, Германија, Белгија воведоа дополнителни мерки. Во главниот договор стоеше дека ќе станеме меѓу најстрогите земји за влез во ЕУ, но веќе долго време не работиме на тоа. Затоа сметам дека мерките се во целосна согласност со договорот, и нивното неподдржување всушност значи прекршување на договорот“ – рече Герт Вилдерс – Лидер на Партијата на слободата.

Експертите, сепак сметаат дека најголемиот дел од мерките на Вилдерс се правно неспроведливи, како на пример комплетно запирање на барањата за азил, затворање на прифатните центри за мигранти, запирање на спојувањата на семејствата и депортација на сите баратели на азил од Сирија.

Останатите коалициски партнери остро реагираа на потегот на Вилдерс, нарекувајќи го „неодговорен чин на политичко самоубиство“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прв состанок на контакт групата за помош на Украина без учество на САД – Зеленски побара зголемување на воената помош

Дејан Дејан

Бислимовски: Не очекувам дека ќе има промена на цената на електричната енергија за домаќинствата

Дејан Дејан

Обвинителството презема дејствија за дивоградбите во Чаир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе