Вести Македонија Најважни Топ вести

Намалување на царините за 67 стоки, меѓу нив и литиум-јонски батерии

Litium jonski baterii

Драстично намалување на царините за увоз на литиум-јонски батерии, намалување на царините за 67 производи кои се користат како репроматеријали во индустријата и целосно укинување на царините за увоз од САД, предвидуваат измените на Законот за царински тарифи кои владата ги достави до Собранието.

Иницијатива за намалување на царините за литиум-јонските батерии уште во 2017 година имаше и претходната влада, но ВМРО-ДПМНЕ тогаш се противеше, велејќи дека таа мерка служи за збогатување на тогашниот вицепремиер Кочо Анѓушев, затоа што само неговата фирма Брако користи такви батерии. Антикорупциската комисија во 2019 утврди дека имало судир на интереси кај Анѓушев, зашто не се изземал од расправата за оваа точка во владата. Тој тврдеше дека се изземал од гласањето.

Министерката Димитриеска – Кочоска вели дека сега има изградено многу фотоволтаични централи и оти вишокот струја летно време мора некаде да се складира за да не направи проблем во преносната мрежа, како што се случи во Португалија и во Шпанија. Веќе има 15-тина фирми кои увезуваат батерии, но може да увезе кој сака, вели таа. Царините се намалуваат од 15 на 2,7 отсто.

„Моментот кога фотоволтаиците произведуваат или го доживуваат пикот е во летниот период. Ние немаме капацитет на енергетската преносна мрежа за да може сето тоа да го собере и да го пренесе и тоа е сериозен проблем. Ако одиме на тоа што се сменило, прво се сменил фактот што вие имате изградени и во процедура илјадници фотонапонски централи со кои ние не се согласувамвме, но решенијата се дадоа, согласности има. И сега ние мора да бараме решение за истото, затоа што ќе имаме проблем како држава“, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска.

Таа соопшти дека се предлага намалување на царините за увоз на 67 производи кои се користат како суровини или репроматеријали во автомобилската, металопреработувачката индустрија, металургијата и енергетиката. Целта е да се зголеми извозната конкурентност на домашните фирми. Намалувањето е во консултации со бизнис-заедницата. Царините се намалуваат за половина од разликата меѓу сегашната стапка и царините за тие производи во ЕУ. На пример, ако досега царината во Македонија била 20 отсто, а во ЕУ е 10 отсто, сега се намалува на 15 отсто.

Царините за увоз на сите производи од САД целосно се укинуваат. Владата вели дека работи со американските власти за укинување и на американските царини за македонски производи.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратеникот Аднан Азизи именуван за шеф на изборниот штаб на коалицијата Вреди

Дејан Дејан

Брза пруга со британски пари – откажани се европските за реконструкција

Дејан Дејан

Дивоградбите во Чаир причина за расправа меѓу советниците во Градот Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе