Катастар ниту носи, ниту брише решенија по сопствена волја – се огласи директорот на Агенцијата Иван Живковски по обвинувањата на градоначалничката Данела Арсовска за впишаните дивоградби од Чаир.
Тврди, се e по Законот за катастар, постапиле по решение за легализација, издадено и доставено од општина Чаир.
Катастарот, согласно законските надлежности, проверува дали документот е издаден од надлежен орган, дали е правосилен и потпишан од овластено лице – и врз основа на тоа врши упис, или доколку условите не се исполнети, го одбива барањето со соодветна потврда, објаснува Живковски и топката ја прeфрла во општина Чаир.
„За веродостојноста на решението одговара органот што го донел актот, во овој случај – општината. Дополнително, по доставување на решение за поништување на легализацијата од страна на општина Чаир, заедно со уплатена такса, уписот беше избришан во законски предвидениот рок. За веродостојноста на овој акт – Решение за поништување – одговара исклучиво органот што го донел, односно единицата на локалната самоуправа“, вели директорот на агенцијата за катастар за недвижности, Иван Живковски.
Социјладемократите и денеска со нови обвинувања и прозивки до власта. Прашуваат чиј интерес стои зад заштитата на 150те дивоградби во Чаир? Зошто премиерот Мицкоски не бара одговорност од своите коалициски партнери во ВЛЕН и зошто министерот Тошковски не отвора истрага? Опозицијата бара овие прашања да се отворат на вонредна седница на советот на Градот Скопје.
„ Овој скандал е тест за владеење на правото. А власта падна на тој тест. Наместо санкции – штитат криминал. Наместо постапки – закани и сценарија за страв. Како советничка група бараме вонредна седница на Советот на Град Скопје.Советот има обврска за вака важно прашање да дискутира, да видиме дали и во други општини под власт на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ има вакви криминали со дивоградби.“ – тврди Љубица Јанчева од СДСМ.
Живковски на обвинувњата на СДСМ одговори со контраобвинувња.. им порача дека неприфатливо е да имаат толкави непознавања од законот за локална самоуправа и агенцијата за катастар. Скандалот ескалираше кога Арсовска објави дека општината Чаир легализирала 150 дивоградби п ошто влезе во отворена вербална војна со Ганиу.Скандалот продожи со истурање смет и обвинувања дека е приврзок на ДУИ. Арсовска вели не запира и сите документи ќе ги објавува за да бидат на увид на јавноста.
Симона Петровска