Вести Најважни Свет

(Видео) Руски авиони во пламен, мета воени аеродроми во пет области – Украина изведе операција „Пајакова мрежа“ што ја подготвувала 18 месеци

Украина изврши голем напад со дронови врз Русија. Мета, според украински извори, биле пет аеродроми на кои, според украинските медиуми, биле уништени 40 авиони бомбардери. Операцијата под кодно име „Пајакова мрежа“ била планирана 18 месеци, ја извела украинската Служба за безбедност и, како што се наведува, била лично надгледувана од претседателот Володимир Зеленски.

Извор за агенцијата „Киев Индепендент“ изјавил дека во нападите се оштетени или уништени авиони на пет аеродроми – во областите Мурманск, Иркутск, Рјазањ, Ивановско и Амур.

Украински официјален претставник, кој за АП говореше под услов на анонимност, рече дека дроновите биле транспортирани во контејнери што ги превезувале камиони длабоко во руска територија. Украинските медиуми пишуваат дека мета на напад била воздухопловната база Белаја во областа Иркутск во Русија, на повеќе од 2.500 километри од границата меѓу Русија и Украина.

„Маш“ и „База“, руски канали на Телеграм, пак, објавија дека нападите биле изведени од камиони кои биле паркирани на бензински пумпи. Еден од нападите е забележан во градот Олењегорск во областа Мурманск. На снимката што се споделува на социјалните мрежи се гледа како од камион на бензинска пумпа полетуваат дронови. Еден од возачите на камионите, кој наводно не знаел што превезува, е уапсен. Случна ситуација, според нив, се случила и во местото Усоље Сибирское во Иркутск. Таму, како што пишуваат, полетале најмалку 20 дронови кон непрецизирани цели.

Иако портпаролите на Белата куќа одбиле да го коментираат украинскиот напад врз Русија, извори од американската администрација за „Си-Би-Ес њуз“ рекоа дека Вашингтон не бил информирал дека се подготвува.

Руското министерство за одбрана потврди дека Украина извела масовен напад со дронови врз воени аеродроми во пет региони., што довело до пожар на неколку авиони. Нападите се случиле во областите Мурманск, Иркутск, Амур, Рјазањ и Ивановско, соопшти министерството за одбрана на Русија.

„Во областите Мурманск и Иркутск, со лансирање на дронови од поле, во непоредна близина на аеродромите, доведе до пожар на неколку авиони“, соопшти министерството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Специјална Стериина награда за колективна актерска игра за ансамблот на претставата „Народен пратеник“

Дејан Дејан

ДЗР: Регионален развој без резултати – Јавните инвестиции заглавени во локални приоритети

Дејан Дејан

(фото)Етна приреди спектакуларна ерупција- нема опасност за наслението

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе