Рокада во службите за справување со несреќи. Досегашниот директор на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов е назначен за в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Мухамед Аљи, вработен во ДЗС, од денеска е директор на Центарот за управување со кризи.
Ангелов гаснеше пожари и бркаше мечки – Меџити вели наследникот може да го надмине
На примопредавањето на функцијата, Ангелов рече дека на неговиот наследник, кој е предлог на Вреди, ќе му биде тешко да го следи неговото работно темпо, но верува дека е подготвен да даде сè од себе. Вицепремиерот Меџити, пак, не се сомнева во квалитетот на нивниот кадар.