Вести Македонија

Се чека одговор од Софија за билатерлна средба со Сиљановска во Хаг

Сè уште нема одговор од Бугарија, дали во рамки на самитот на НАТО во Хаг ќе се случи билатерална средба меѓу македонската и бугарската делегација, каде македонската делегација ќе биде предводена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Откако во петокот премиерот Христијан Мицкоски обелодени дека за време на посетата на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта било разговарано за формат на средба меѓу македонската и бугарската страна за деблокирање на европскиот процес на Македонија, заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, пак, соопшти дека одговорот од Софија се очекува денеска.

„Мислам дека во текот на денешниот ден ќе има“, рече Трајков.

Трајков притоа го повтори ставот на владата дека станува збор за двонасочен пат и дека за секоја иницијатива треба и другата страна да одговори.

И во очекување на одговорот од Софија, Телма дознава дека нема рок до кога тој треба да биде испорачан и дека ќе дојде верифициран од Брисел, со оглед на инволвираноста на европските претставници во целиот процес, за што македонската страна, како што дознава Телма, е во постојана комуникација со Брисел.

Форматот на средбата кој се догавара би бил билатерален, но, според она што го најави премиерот Мицкоски, би бил со многу странски сведоци.

„Тоа би била одлична можност за билатрлан средба на која би присуствувала и претседателкјата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседтелот на Европскиот совет, Антонио Кошта, нормално високата претствничка за надворшна и безбедносна политика, Каја Калас. Го проширивме тој состав и со генералниот секретар на НАТО, дел од земјите-членки во НАТО, меѓу нив, најголемите, тоа се Соединетите Американски Држави“, изјави Мицкоски во петокот по средбата со Калас.

Претседателката на државата Сиљановска, пак, во интервју за Радио Слободна Европа откри дека македонската страна понудила неколку идеи за деблокирање на пристапниот процес, откако крајниот одговор од Брисел за уставни измени со одложено дејство е „не“. Една од идеите е Европскиот парламент да донесе некаков акт – за состојбите меѓу Македонија и Бугарија.

Втората идеа е решение на проблемот да стигне од Европскиот Совет преку давање некакви инструкции, додека третата опција е потпишување на нов протокол во рамки на Договорот за добрососедство со Бугарија, со кој би се гарантирало дека работата на историчарите од историската Комисија нема да претставува услов за интеграцијата, односно дека нема да биде основ за вето.

Инаку, ставот на претседателката е дека постои подготвеност за разговор со Бугарија во секое време и на секое место со цел надминување на блокадата.

Високата претставничка Каја Калас, пак, за време на својата посета на Македонија минатата недела рече дека Европската унија нема да премине на план „Б“ за Македонија, додека целосно не го исцрпи планот „А“.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Чакулев: Сѐ она што гледаме дека се гради е главно од постари ДУП-ви

Дејан Дејан

Ниту една урбана општина не го исполнува стандардот од 25 метри квадратни зеленило по жител

Дејан Дејан

Злосторства на „Беланоца/Барон“: Пред 5 години, убиле скопјанец за 10 000 евра бидејќи сметале дека убиениот соработувал во истрагата за петкратното убиство кај Смилковци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе