Вести Македонија Најважни

Напладне пресуда за пожарот во модуларната болница во Тетово

Денеска напладне во Тетово се очекува да биде изречена пресуда за пожарот во модуларната болница. Во завршните зборови на последното рочиште, обвинителството побара казни, а обвинетите слобода, додека роднините на загинатите три години и осум месеци чекаат правда.

За пожарот во модуларната болница, во кој загинаа 14 луѓе, обвинети се двајцата директори Флорин Бесими и Артан Етеми. Нивните адвокати велат дека кај нив нема одговорност, бидејќи модуларните болници биле под други министерства, а обвинетите директори немале обврска за поставување противпожарни апарати, спротивно на барањето на обвинителството кое, пак, очекува затворски казни, затоа што според нив двајцата обвинети имале обврска да постават противпожарни апарат, а тоа не го направиле според пропишаните норми. Роднините на загинатите не може да бараат отштета, бидејќи прво се чека кривична пресуда.

Тие се незадоволни од истрагата на обвинителството, затоа што се обвинети само директорите за противпожарни апарати, а не и оние кои го предизвикале пожарот со ракување на медицинската апаратура.

Ова е второ судење за случајот, бидејќи првата пресуда во која директорите добија условни затворски казни беше поништена на Апелациониот суд во Гостивар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: Имаме стабилно мнозинство

Дејан Дејан

Законот за сајбер безбедност наскоро низ владина процедура, во јуни во Собрание

Дејан Дејан

Билатералните прашања да останат билетерални, а не кочница на евроинтегративниот пат – порака на шефицата на австриската дипломатија од Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе