Вести Македонија Најважни

Планот „А“ за Македонија останува – исполнување на уставните измени

Тоа што е договорено е договорено, нема што ново да се договара. Ова е одговорот кој го даде претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за тоа дали може Македонија да добие гаранции за да ги спроведе уставните измени, повторувајќи го ставот дека следниот чекор на Македонија треба да биде исполнување на договореното меѓу Унијата и Македонија во 2022 година, односно уставните измени.

„Јасно е, тоа што е договорено е договорено, ние немаме што повеќе да се договараме. Сега треба да го испорачаме тоа на што се договоривме. Нема повеќе простор да се бара нешто друго за договарање“, изјави Кошта.

Кошта притоа рече дека Македонија може да смета него и на Европската унија за олеснување за да се сврти страницата и да се продолжи напред, додавајќи дека сега е време да се заврши следниот чекор.

Тој отфрли правење како и да план „Б“ за да се деблокира пристапувањето на Македонија кон ЕУ.

„Да не го поткопуваме планот ‘А’ и треба да се фокусираме на исполнување на планот ‘А’. Тоа што е договорено е договорено, сега треба да го исполниме тоа. Не ни е потребен план ‘Б’, само треба да го исполниме планот ‘А’“, рече Кошта.

Домаќинот на Кошта, македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, пак со став дека иако ЕУ постојано ја испраќа истата порака за испорачување на уставните измени, неговиот став е непроменет, односно дека без добра волја и испорака од Бугарија тоа е неприфатливо.

Мицкоски притоа остави простор за директни разговори со Бугарија за изнаоѓање на решение, но на неутрален терен, во Брисел.

„Јас сум подготвен во нило кое време и таа подготвеност му ја пренесов на претседателот Кошта да дојдам во Брисел, дали во негово присуство, во присуство на претседателката Фон дер Лајен, во било кое присуство, да седнеме да разговараме, било кога и било колку да треба, за да дојдеме до заедничко решение, како и двете страни да се испорачаат“, рече Мицкоски.

За можноста за напуштање на барањето за уставни измени со одложено дејство и барање на друго креативно толкување на преговарачката рамка, како што вчера како можност го отвори претседателката, Гордана Силјановска Давкова, Мицкоски со одговор дека евроинтегративниот пат треба да се темели на врености, а не на билатерални прашања.

„Решавањето на проблемите е ако ги идентификуваме проблемите, а ако се држиме на формалности нема никогаш да ги решиме проблемите“, изјави Мицкоски.

Кошта освен барањето за уставни измени, ја пофали Македонија за одличната реформска агенда, побара нејзино реалзиирање, особено во делот на Коридорите 8 и 10. Мицкоски пак му најави дека посветеноста на Македонија кон ЕУ останува и во идниот период ќе се засили.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хаварија во Пинтија, од резервоар на приватен објект се излеале хемикалии, Град Скопје бара реакција од Општина Кисела Вода и МЖСПП

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Собраниската Комисија за избори и именувања е реликт од комунизмот, во неа седат најпартиските луѓе и чудно се договараат

Дејан Дејан

Сиљановска Давкова: Преспанскиот договор ги ставил ад акта идентитетските прашања за историја, култура, јазик и народ, решени се

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе