Развојната банка ја исплати третата транша од 41,3 милиони евра кон деловните банки за поддршка на 175 проекти на домашни компании, пари од унгарскиот кредит наменети за инвестиции и развој.
Најголем дел од средствата се наменети за мали компании, како и за набавка на опрема во вредност од 19,5 милиони евра. Најголем дел од парите ќе се трошат за инвестиции во производствените компании.
Инвестициите се распределени на 45% во градежи, 47% во опрема, 2% во обновливи извори на енергија и 6% во транспортни средства.
Вкупно се поддржани 9 микро, 91 мали, 57 средни и 18 големи компании. Досега се исплатени 125,8 милиони евра за 470 проекти, од предвидениот фонд од 250 милиони евра.