Uncategorized Балкан Вести Топ вести

Инцидент меѓу демонстрантите и полицијата во Нови Сад

Во Нови Сад утрово дојде до инцидент меѓу полицијата и демонстрантите пред судот, каде што се собраа голем број граѓани и студенти кои бараат ослободување на шестмина активисти, кои веќе два месеци се во притвор.

При обид вработени да влезат во зградата преку задниот влез, дојде до турканица меѓу полицијата и демонстрантите, а интервентната единица не успеа да воспостави ред, по што беше повикана жандармеријата.

Според очевидци, врз демонстрантите бил употребен солзавец или пепер спреј. Активистите се обвинети за обид за уривање на уставниот поредок, врз основа на спорна аудио снимка, која одбраната ја смета за незаконски добиена и правно невалидна. Нив притворот им беше продолжен за уште 30 дена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Рустем Умеров ќе ја предводи украинската делегација во преговорите со Русија

Дејан Дејан

Трамп: Нема напредок во преговорите додека не се состанам со Путин

Дејан Дејан

Оставката на Таравари доставена во сандачето на премиерот – позициите на Алијанса остануваат кај Вреди, потврди Меџити

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе