Манчестер сити во Тиџани Реијндерс гледа како идеална замена за Кевин де Брујне, кој летово заминува од клубот како слободен агент.
Премиерлигашот официјално е заинтересиран за Холанѓанецот и веќе го контактирал Милан под кои услови фудбалерот од средниот ред би се преселил во Манчестер. Реијнедерс пред извесно време потпиша нов договор со „росонерите“ до јуни 2030 година, па англискиот клуб се очекува да плати повеќе од 70 милиони евра обештетување за да го доведе во своите редови.
Иако Милан има очајна сезона, 26-годишниот играч за врска одигра 51 натпревар со 15 голови и пет асистенции. Италијанскиот клуб го купи Реијндерс од АЗ Алкмар во летото 2023 година за само 16 милиони евра.