Оклахома поведе со 3-2 против Денвер во полуфиналето од плеј-офот во Западната конференција во рамки на НБА-лигата, а Индијана го елиминираше најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната.
Никола Јокиќ одигра феноменален натпревар, но неговиот Денвер загуби на гостувањето кај Оклахома со 112-105. Српскиот центар имаше 44 поени со 15 скока, а Џамал Мареј имаше 28 за Нагетс. Кај Тандер најефикасен беше Шеи Гилџеус Александер со 31, а сите останати кошаркари од првата петорка исто така имаа двоцифрен ефект во нападот. Следниот натпревар се игра во Денвер, а Оклахома со евентуална победа може да обезбеди финале во Западната конференција.
Индијана славеше со 105-114 на гостувањето кај Кливленд и го елиминираше најдобриот тим по регуларниот дел од сезоната со убедливи 4-1 во победи. Тајрис Халибартон со 31 поен и Паскал Сијакам со 21 ги водеа Пејсерс до триумфот, додека кај Кавалирс најмногу се истакна Донован Мичел со 35 поени. За Индијана ова е второ конференциско финале по ред, а таму го чека подобриот од дуелот помеѓу Њујорк и Бостон, каде Никс водат со 3-1.