Напаѓачот на Нотингем Форест, Таиво Авонији, се наоѓа во индуцирана кома откако заработи тешка повреда на стомакот за време на натпреварот против Лестер Сити во неделата, во рамките на Премиерлигата.
Нигерискиот фудбалер синоќа беше подложен на хируршка интервенција, а според информациите, операцијата минала успешно. Сепак, во среда го очекува и втора операција, како дел од продолжението на медицинскиот третман.
Од клубот информираат дека состојбата на Авонији е стабилна и дека се опоравува добро по првата интервенција.
Оваа сезона, 26-годишниот напаѓач одигра 26 натпревари за Нотингем Форест, постигнувајќи само еден погодок, при што најчесто влегуваше од клупата. Против Лестер одигра само седум минути, пред да се повреди во 88-та минута, судрувајќи се со стативата по еден центаршут на Ентони Еланга.
This is the injury that put Taiwo Awoniyi in a medical coma.
Sending him Prayers and love ❤️
— Afrokonnect (@AfrokonnectNG) May 14, 2025