Фудбалерките на Љуботен го освоија трофејот во Купот на Македонија откако во финалето ја совладаа Тиверија Брера со 3:0.
Тетовки попладнево на теренот на Тренинг центарот Петар Милошевски ја оправдаа фаворитската улога и со погодоците на Огочукву Олахиде, која два пати се запиша меѓу стрелците и Ева Величковска стигна до четвртиот, а трет последователен трофеј во Купот на Македонија.
ФОТО: Игор Паневски
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.