Вести Економија Топ вести

Кој ќе биде нов гувернер?

Предлогот за нов гувернер ќе биде пратен до пратениците во понеделник, а ќе се избира во вторник. Во игра се неколку имиња. Премиерот Мицкоски не откри кој е негов фаворит. Кусо одговори дека услов за да биде поддржан од неговата партија во собранието е да продолжи да го брани фиксниот курс на денарот.

„Не е важно кој е мој фаворит лично. Она што можам да го кажам како претседател на Владата е дека сите кандидати кои се разгледуваат се вонсериски искусни и кандидати кои сум сигурен дека ќе ја одржат макроекономската стабилност“, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Во меѓувреме во јавноста се споменуваат неколку имиња како можни кандидати за оваа функција. Меѓу нив се поранешните министри за финансии Зоран Ставрески, Трајко Славески, актуелен претседавач во Советот на Град Скопје, кој за Телма кажа дека досега никој не го консултирал, а доколку го консултираат ќе размисли. Се споменува и актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска и Маја Кадиевска Војновиќ, која е член на надзорен одбор на КИБС. Таа на прашањето на Телма дали има амбиција за оваа функција и дали ја консултирале не сакаше да коментира.

Економистите и банкарите, пак, очекуваат новиот гувернер да го продолжи процесот на унапредување на системот

Инаку, мандатот на актуелната гувернерка завршува на 21 мај. Беше избрана во 2018 година со поддршка од сите пратеници. Ангеловска Бежоска дојде на местото на нејзиниот претходник Димитар Богов кој беше избран за гувернер со 62 гласа на тогаш владејачката ВМРО-ДПМНЕ, а предлогот од тогашниот претседател Ѓорѓе Иванов да добие и втор мандат, го одби по бурните реакции во јавноста, по што Бежоска стана прва жена гувернер, избрана со двотретинско мнозинство. Мандатот на гувернерот е седум години.

Народната банка ја спроведува монетарната политика, се грижи за стабилноста на инфлацијата и курсот на денарот.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Судијка од Велес ќе дели правда во Кочани

Дејан Дејан

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе