Вести Македонија Најважни

За семејството на Фросина срамна, за одбраната превисока – реакции по 12 годишната затворска казна за Јованов

Дванаесет години затвор за Васил Јованов за сообраќајката во која смртно ја прегази Фросина Кулакова, објави судијката Снежана Марковска. Таткото на Фросина револтирано ја напушти судницата.

Тоа што бил студент, млад човек и спортист, тоа што призна вина и се извини, беа меѓу олеснителните околности за Јованов. Како отежнителни, судијката ги посочи неговиот поранешен живот, другите сообраќајни прекршоци, правосилната пресуда за трговија со дрога.

Таткото на Фросина и пред судницата извикуваше „Багро судска, затвор за вас“. Потоа во изјава за медиумите порача дека пресудата е срамна и тажна и не исклучи протести.

Адвокатот на Јованов ќе се жали на Апелација, обвинителството дополнително ќе одлучи.

Пресудата во судница ја слушаа и родителите и роднини на Јованов. Судијката му изрече и забрана за управување на моротно возило во рок од пет години по правосилност. Јованов останува во притвор.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

На пристаништето во Солун пронајдени 58 килограми кокаин

Дејан Дејан

САД и Саудиска Арабија потпишаа економски договор кој опфаќа енергетска и судска соработка

Дејан Дејан

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови на кумановци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе