Вести Македонија

Св. Петка без струја- ЕВН тврди приклучоци доведоа до пад на мрежата, граѓаните се правдаат не се виновни

Kражби и зголемено трошење на струја довело до дефект во енергетската мрежа во скопското село Света Петка, тврдат од Електродистрибуција.. Обидите за решавање на дефектот останале неуспешни велат од компанијата бидејќи тврдат нивните екипи биле спречени од месното население да работат на терен. Жителите пак се правдаат дека со мали примања не можат да плаќаат толку високи сметки.

„И да ги стават саатите овде има голема сиромаштија. Не можат луѓето да живеат а камоли да плаќаат 10/15 илјади за струја. И вода исто немаме, ние и за вода сме за никаде. Во моментов немаме струја, денеска ми се јавија дека нема да ја пуштат. И сите не осудуваат дека ги бркаме за да не ги читаат саатите. Јас ниту ги познавам луѓето, ниту сум им се заканувал ама работете го тоа што го бараме ние“, вели Малзам Латифе, жител.

Од Електродистрибуција пак додаваат дека токму во ова населено место проблемите со ниската наплата и кражби траат со децении.

„Загубите во селото се над 60%, додека наплатата на електричната енергија е само 7%. Низ годините компанијата повеќепати се потрудила да ја реконструира мрежата во селото Света Петка и за таа цел се реализирале и состаноци со населението, но без никаков резултат“, велат од Електродистрибуција.

Жителите пак тврдат дека тие имаат и судски спор со електродистрибуција, бидејќи трафоединицата се наоѓа на приватен имот, а компанијата не сака да им плаќа.

„Тука имаме скоро една година спор со ЕВН. Без никакво одобрение си влегуваат, излегуваат кога ќе им текне. Имаме барања но не ги исполнуваат. Ги замолувам да пуштат затоа што овој спор не е селски спор, ова е спор на ИВЗ со ЕВН и треба да се пушти струјата“, вели Исмаил Рамадани претседател на џамијата во село Св.Петка.

Од Електродустрибуција пак велат дека немаат спор и трафостаницата одсекогаш постоела на таа локација.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

САД бараат од НАТО-сојузниците прифаќање на пет проценти од БДП за одбрана

Дејан Дејан

На пристаништето во Солун пронајдени 58 килограми кокаин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе