Вести Економија Македонија Топ вести

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Според универзитетскиот професор Марјан Петрески, монетарната политика бележи стабилизација, но сепак ризиците се се уште тука.

„Монетарната политика беше во правец на затегнување како одговор на она што се случуваше со инфлацијата посебно во 2022 и 2023 година. Во 2022 година просекот на инфлацијата изнесуваше 14,2 потоа 9,5 во текот на 2023 година. И сега ја имаме една стабилизација, но ризици се уште постојат. Меѓутоа кога започнаа да олабавуваат притисоците, особено кога драстично започнаа да се намалуваат притисоците од глобалното опкружување тогаш започна и еден процес на нормализација на монетарната политика. Точно е дека постојат неизвесности на меѓународната сцена, меѓутоа и на домашна сцена имаме се уште ризици и тие влијаат на тоа монетарната политика“ вели Петрески. 

Петрески додава дека унгарскиот кредит е добредојден за компаниите, но сепак трошокот од оваа позајмица ја плаќаат даночните обврзници.

„Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка на позајмицата од унгарскиот кредит ја плаќа буџетот, односно ја плаќаат даночните обврзници“ додава универзитетскиот професор Марјан Петрески.

Претседателката на Македонската банкарска асоцијација во емисијата Топ Тема рече дека на страна на кредитите не е само прашањето на изворите туку од кредитниот ризик кој го носат клиентите.

„Намалувањето на каматните стапки нема да биде многу брзо и нема да биде многу драматично. Како што е познато во јавноста голем дел од активните каматни стапки на кредитите се поврзани со како референтна каматна стапка, просечната каматна стапка која се пресметува од страна на депозитите. Банките генерално ги следат сигналите на монетарната власт, ги следат каматните стапки коишто се дефинирани како неференти во поглед на благајничките записи. На страна на кредитите не е само прашањето на изворите туку од кредитниот ризик кој го носат клиентите и какво е нивното работење“ вели Маја Стевкова Штериева – Претседателка на Македонска банкарска асоцијација.

Директорот на Раде Кончар – ТЕП, Горан Антевски додава дека ниските каматни стапки се секако добредојдени за компаниите, но дека тие не можат да одат во недоглед поради тоа што банките е потребно да ја имаат развојната компонента.

 „Во бизнисот секогаш е желбата да се намалат каматните стапки за кредитите затоа што така ќе се зголеми инвестициската активност на компаниите. Ние како компании во Македонија секогаш сакаме да се намалат, но тие не можат да се намалат во недоглед, секогаш треба да се има развојна компонента и на банките, бидејќи тој финансиски сектор мора да биде јак и сигурен за работењето на компаниите, но и постоењето на државата. Трендот на намалување на каматните стапки е добредојден за компаниите, а инвестициските активности ќе се зголемат“ вели Горан Антевски директорот на Раде Кончар – ТЕП.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

САД бараат од НАТО-сојузниците прифаќање на пет проценти од БДП за одбрана

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе