Во сабота на 17. мај во Градскиот парк на Школка се оджува завршниот настан на вториот дел од кампањата „Крени глас“, кога и неформално се одбележува денот против врсничко насилство. На настанот ќе присуствуваат личности од јавниот живот музичари и актери.
Во текот на кампањата 26 општини потпишаа меморандум, а се приклучија 150 училишта. До сега се одржани 620 работилници со кои беа опфатени 18.000 ученици, а беше поделен и материјал во 120.000 примероци.
Во план е организација на работилници за родители и во останатите општини, во среда на 14 мај во Гази Баба, по што следуваат Струга и Охрид.
„Крени глас против врсничко насилство“ е општествено одговорна кампања на македонската компанија „Макпетрол“. Примарна цел на кампањата е значително да го зголеми интересот за проблемот со врсничко насилство (наречен „булинг“ од децата и младите).
Според УНЕСКО, речиси 30 отсто од децата во светот биле жртви на врсничко насилство. Слични резултати покажаа и последните анкетни истражувања во Македонија.
Ваков тип општествено одговорни кампањи, кои имаат за цел да го свртат вниманието и да поттикнат промена со одреден поширок проблем се реализираат надвор од земјава.
Во Македонија ова е прв пример, реализиран од „Макпетрол“.
Општествената одговорност е една од стратешките цели на компанијата, а голем дел од нејзините активности се фокусирани на младите. Токму тие се основата врз која што се гради иднината на секоја држава и во таа насока, „Макпетрол“ презема чекори за да обезбеди децата и учениците да имаат можности за целосно да ги реализираат своите таленти и потенцијали.
Врсничкото насилство, според многу истражувања, може да биде пречка за ова и со цел да им обезбеди платформа и поддршка во соочувањето со овој проблем, компанијата одлучи да ја креира и реализира оваа кампања. Освен работилници наменети за ученици и за родители, обете предводени од психолог, во рамки на кампањата се продуцирани и многу текстуални и визуелни материјали за едукација на пошироката јавност.
Најголем дел од тие се достапни на вебсајтот kreniglas.mk. На оваа платформа, секој што имал искуство со булингот, има простор анонимно да ја сподели личната приказна.