Вести Македонија

Ниски плати и неправедна судска пракса – независниот полициски синдикат на протест

Транспарентите и свирчињата денеска беа нивното оружје, за да го кренат гласот поради ниските плати и, според нив, неправедната судска пракса. Независнсот синдикат на полицијата излезе на улица да упати пораки до надлежните да им кажат дека не се службеници од втор ред и да ги предупредат дека нема да застанат се додека не ги добијат барањата.

„Зголемете ја платата на сите полицајци, судска, шумска, затворска, мвр, затоа што на безбедноста не се штеди господо“, вели Владимир Литовски од независен синдикат на полиција.

„Во различни градови, судовите кажуваат дека на едни полицајци треба да се исплати повеќе плата, а во Скопје велат дека ни е доволна оваа плата што ја земаме. Со пресуди, одредени полицајци имаат наплатено и е докажано. За жал, скопските судови велат дека тоа не следува. Тука доаѓа до огромен револт и неизедначување на платите“, вели Мартин Ефремов претседател на независен синдикат на полиција.

„Или нека се вратат на факултет нека ги учат законот за работни односи, нека видат и како се досудува, односно дека шест месеци се доволно да се досуди постапка“, вели Кристина Ампева од здружение 5-та сила.

Од Апелација негираат дека имаат донесено различни одлуки по предметите поврзани со тужбите за исплата на разлика во плата на вработените во МВР, како што тврди синдикатот. Велат дека провстепените пресуди се укинати поради економски вештачења за правилно и целосно да се утврди фактичката состојба.

„Апелациониот суд Скопје досега нема донесено пресуда во која изразува различен став за правното прашање поврзано со висината на основната плата наспроти минималната плата, од другите апелациони судови во државата“, велат од Апелациониот суд Скопје.

Од МВР велат дека работат на подобрување на условите,стандардот и достоинството на полициската професија.Поддршка за протестот и барањата на синдикатот им дадоа и колегите од Србија и Црна Гора.

Точно напладне синдикатот на полицијата половина час ја блокираше крстосницата кај Мавровка, оддржаа говори и се упатија кон судскиот совет да ги повторат.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во сабота во Градскиот парк завршен настан на вториот дел од кампањата „Крени глас“

Дејан Дејан

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Дејан Дејан

Обвинителството бара казни за модуларна,обвинетите слобода – додека роднините на загинатите, 3 години и 8 месеци чекаат правда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе