Вести Македонија

Левица предлага инспекторат за грбот, знамето и химната

Пратеничката група на Левица најави дека ќе предложи Закон за формирање на инспекторат за употреба на грбот, химната и знамето на Македонија и на знамињата на заедниците. Пратеникот Амар Мециновиќ вели дека веќе 27 години има Закон за употреба на државното знаме и грб, но нема државен орган кој го спроведува овој закон и казнува за непочитување, па затоа е само мртво слово на хартија.

„МВР генерално реагира на сквернавење на државните симболи, а дали МВР влегува во канцелариите на градоначалниците каде што нема македонско знаме? Дали влегува МВР во канцеларии каде што има американско знаме, албанско, француско, германско, сите знамиња на светот, а не македонско? Дали МВР реагира во тој случај? Не. Затоа практично треба да се формира еден инспекторат кој ќе ја следи доследната примена на оваа законска материја. Во меѓувреме сме сведоци на секојдневно непочитување на државните симболи, особено за време на јавни прослави, спортски манифестации, дури и на официјални церемонии. Секојдневно гледаме неправилна употреба, навредлива експонираност или отсуство таму каде што законот пропишува дека треба да стои. Во суштина толку често не се почитува Законот за употреба на државните симболи, што веќе е изрелативизиран без орган кој треба да го спроведува. Сето тоа директно го нарушува достоинството на државата и нејзините граѓани“, вели Мециновиќ.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во сабота во Градскиот парк завршен настан на вториот дел од кампањата „Крени глас“

Дејан Дејан

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Дејан Дејан

Обвинителството бара казни за модуларна,обвинетите слобода – додека роднините на загинатите, 3 години и 8 месеци чекаат правда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе