Фудбалската федерација на Бразил потврди дека Карло Анчелоти ќе биде нов селектор на репрезентација. Искусниот италијански тренер ќе биде првиот странски селектор во историјата на петкратниот светски шампион. Анчелоти потпишал договор со Бразил до почетокот на Светското првенство во САД во летото 2026 година, а ќе седне на клупата веќе следниот месец, кога Бразил ќе игра против Еквадор и Парагвај во рамки на светските квалификации.
За Анчелоти ова ќе биде прва селекторска работа во долгата тренерска кариера, бидејќи претходно ги тренерираше Парма, Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Наполи, Баерн Минхен, Евертон и Реал Мадрид во два мандати.
„Доведувањето на Карло Анчелоти да го води Бразил е повеќе од само стратегиски потег. Тоа е порака до светот дека сме решени да се вратиме на врвот на подиумот. Тој е најдобриот тренер во историјата и сега е на кормилото на најдобрата репрезентација на планетата. Заедно ќе испишеме нови славни поглавја на бразилскиот фудбал“, изјави претседателот на Бразилската фудбалска федерација, Едналдо Родригеш.