Вести Култура

„Бруталистичка улица“ меѓу десет најдобри проекти на Венециското биенале за архитектура според „Артрибјун“

Проектот „ Бруталистичка улица“, со кој што Македонија годинава учествува на 19. Интернационално биенале за архитектура во Венеција, и за кој што имаше километарски колони на 9. мај , кога се отвори во Арсенале, е избран меѓу најдобрите десет според престижното италијанско онлајн списание „ Артрибјун“.

Според доцент д-р Благоја Бајковски од Архитектонскиот факултет , кој е еден од кураторите и авторите на проектот, тоа претставува особена чест, зашто како што вели , сме докажале дека нашиот проект кој до 23 ноември ќе биде достапен за јавноста во Венеција, одговорил соодветно на поставената тема на кураторот на Биеналето , Карло Рати: „ Интелигенции: природни, вештачки, колективни“.

  • Многу често во италијанскиот контекст, различни списанија, магазини, кои што се од областа на архитектурата, како што е „ Домус“, „ Каза бела“ , „ Артрибјун“, тие поставуваат една селекција , каде што им посочуваат на посетителите , според нивните критериуми и стандарди, кои се оние павилјони , кои што одговориле соодветно на темата, или пак имаат впечатлива репрезентација на нивните павилјони, вели Благоја Бајковски, коавтор и кокуратор на проектот „ Бруталистичка улица“.

Под наслов „ Целиот брутализам што треба да се види во Скопје“, „ Артрибјун“ во текстот за нашиот проект вели дека бруталистичката архитектура, како дел од модернизмот на нашиве простори е плод на постземјотресната изградба на Скопје. И дека се работи за многу брутален, монохроматски проект, во кој павилјонот е пресечен од еден вид концептуален пат на знаење, на кој 10 избрани проекти се соочуваат еден со друг и разменуваат информации.

  • Првиот слој- дисеминација на културното наследство со кое што располага градот Скопје, односно модернистичкото културно наследство со кое располага градот Скопје. Втората идеја беше всушност да се укаже на тоа дека овие објекти кои се на тлото на град Скопје имаат потенцијал преку нив да може да се издестилираат тие интелигенции кои што се споменати од самиот куратор, вели Бајковски.

Поштата, Градскиот архив, Студентскиот дом „ Гоце Делчев“, МОБ, УКИМ, Транспортниот центар, се меѓу 10- те објекти градени во стилот на бруталистичката архитектура, вклучени во проектот. Сѐ уште не сме свесни за значењето на ова наследство, важно од архитектонски, урбанистички и уметнички аспект, зашто третира јавни и отворени простори, дополнува Бајковски.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Средба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Шведска, Мариа Малмер Стенергард

Дејан Дејан

Во сабота во Градскиот парк завршен настан на вториот дел од кампањата „Крени глас“

Дејан Дејан

Обвинителството бара казни за модуларна,обвинетите слобода – додека роднините на загинатите, 3 години и 8 месеци чекаат правда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе