Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 4 до 10°C, а максимумот од 17 до 24°C.
Информација од утрово:
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
8 Струмица, 1 Гевгелија.
Забелешка:Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 14.0, Преспанско Езеро 13.5, Дојранско Езеро 20.2.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/