Вести Економија Топ вести

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

ЕСМ на врвот на листата на загубари. Од податоците на Министерството за финансии може да се види дека Електрани минатата година ја завршиле со минус во касата од 34,5 милиони евра, односно во последниот квартал лани во однос на претходниот, загубата порасната за околу 12 милиони евра.

Од ЕСМ, вината повторно ја лоцираат кај претходното раководство. Во дописот до Телма пишуваат дека за да се подобри состојбата и да се донесат производствените капацитети во солидна кондиција, потребно е повеќе време.

Од бројките за 2024 година може да се види дека највисока загуба ЕСМ има во првиот квартал од 38 милиони, потоа следните два има намалување на минусот, па во последниот квартал повторно нов скок.

Од последниот годишен извештај на ЕСМ за 2024 година, исто така, може да се види и дека компанијата за да ги покрие целосно потребите на струја за домаќинствата и малите потрошувачи потрошила околу 100 милиони евра за набавка на електрична енергија. Дел е обезбедена од отворен пазар, дел преку берза, стои во извештајот.

ЕСМ се најде високо горе и на листата должници која, исто така, ја објавува Министерството за финансии. Доспеаниот, а неплатен долг на компанијата во првите три месеци од година изнесува околу 60 милиони евра.

За разлика од ЕСМ, преносниот систем МЕПСО може да се пофали со добивка. Имале простор и да си ги качат платите за 26 отсто, но и да го зголемат бројот на вработени. Па така, според бројките објавени во извештајот и калкулаторот за плати, просечните примањата во МЕПСО достигнаа до, речиси, 1.000 евра.

Според листата на финансии, по ЕСМ со загуба се и Јавното претпријатие за државни патишта, „Пошти“, „Национални шуми“, спортскиот центар „Борис Трајковски“, МЖ Транспорт кај кој може да се забележи намалување на минусот во споредба со претходниот квартал. Со загуби се и Злетовица Пробиштип, „Службен весник“ и други.

Овој список и оној за долговите, министерството ги објавува секој квартал, а се пресметани врз основа на документите кои ќе ги достават државните институции.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе