Mинистерот за економија Бесар Дурмиши на денешната прес- конференција се осврна на последните информации за инфлацијата во земјава кои беа објавени од страна на Државниот завод за статистика.
Посочи и дека пазарен инспекторат прави контроли и во наредниот период ќе го објави извештајот и дека ќе чекаат да видат дали има голема промена во цените и доколку има ќе бидат воведени нови поригорозни мерки.
- Официјалните податоци покажуваат дека: Инфлацијата за месец април е практично нула во споредба со март, 0.6% зголемување; Во споредба со април минатата година, инфлацијата изнесува 2,6%; Цените на храната се речиси непроменети – само 0,3% годишен раст, и намалување од -1,3% во споредба со декември 2024. Ова се факти што покажуваат дека економијата е постабилна, и граѓаните не се соочуваат со неподносливи поскапувања. Но, тука нема да застанеме, рече Дурмиши.
Тој истакна дека во соработка со Државниот пазарен инспекторат секојдневно се следи динамиката на цените.
- Досега нема значително зголемување по завршувањето на мерката. Но, доколку некој се обиде да ја злоупотреби ситуацијата – ќе реагираме веднаш, рче министерот. И истакна дека реакцијата ќе биде решителна: Можеме да ја прошириме листата на производи со ограничени цени; Да воведеме маржи за сите производи; Или да ги зголемиме постојните ограничувања.
Огнен Чанчаревиќ се јави во живо во Вестите на Телма во 12.30