Вести Економија Топ вести

Овошјето станува луксуз – за една година поскапено за 26 проценти

Двоцифрени поскапувања во проценти кај овошјето и зеленчукот, пет проценти поскапа храна. Вака изгледа споредбата на цените на основните прехранбени продукти во април годинава со истиот месец лани, според официјалните податоци на Државниот завод за статистика. Годишната инфлација бележи раст од 2,6 проценти а 2,7 проценти е вкупниот раст на цените на мало.

За една година сите прехранбени продукти бележат поскапувања освен маста и маслата кои се продаваат поевтино за 9 проценти. Она што го тврдеа граѓаните го потврди и статистика – цените на овошјето и зеленчукот бележат најголем скок.

Овошјето сега се продава за 26,5 проценти поскапо од лани, зеленчукот за 13 проценти, пет проценти е поскапа храната, 4,7 проценти рибата и морските плодови и 3,2 проценти млекото и млечните производи и јајцата. Цената на местото според статистика е поскапена за само еден процент.

Државниот завод за статистика измери 2,6 проценти годишна инфлација и поскапување од 2,7 проценти кај цените на мало. Кај трошоците за живот најголемо поскапување има кај рестораните и хотелите од 11,38 проценти, кај рекреација и култура – 6,84 проценти, кај алкохолните пијалаци, тутун и наркотици од 5,1 процент и кај здравствената заштита од 4 проценти.

Ако се споредат последните три месеци со истиот период лани може да се забележи дека продолжува трендот на намалување на инфлацијата, бидејќи во февруари била 5 проценти, во март 2,73 проценти, а во април 2,64 проценти.

Цените во маркетите можеби се стабилизираа со владината мерка за скалесто ограничување на маржите но сепак статистика за април измери дека има 0,63 проценти инфлација со претходниот месец март. Кога станува збор за цените на мало споредено со март годинава забележан е поголем раст од инфлацијата и е над 1,5 проценти.

Според официјалниот извештај на статистика растот на инфлацијата од 0,63 проценти најмногу се должи на поскапувањето на транспортот за 5,1 процент, облеката и обувките 1,5 проценти и рекреација и култура од 1,4 проценти а храната и безалкохолните пијалаци поскапеле за 0,3 проценти. Незначително намалување на цените има само кај разновидните стоки и услуги од 0,7 проценти и алкохолните пијалаци, тутун и наркотици од 0,1 а во останатите групи како образование, комуникации, ресторани и хотели цените останале исти.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Градски воз“ од Зелениково до Нова железничка станица до крајот на годината, најави Николоски

Дејан Дејан

Таравари: На две столчиња не можеме да седиме, од ВМРО-ДПМНЕ зависи дали ќе има предвремени избори

Дејан Дејан

Црн чад од оџакот на Сикстинската капела – без избор на Папа по првото гласање во Ватикан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе