Експропријаци, ова ќе биде најголем проблем со кои ќе се соочува изведувачот Рапид Билд кој е избран и со кој се потпиша договор за да го реализира гасното поврзување со Грција. Според, информациите, најголем дел од овој процес е завршен, но има спорни делови каде се уште се преговара околу средствата кои треба да им се платат на оние низ чии имоти треба да поминува трасата. Ако не се испочитува договореното НОМАГАС ќе треба да плаќа пенали кон банките од каде е подигна кредит за овој проект, а финансиски импликации ќе има и за фирмата Рапид Билд која има доставено банкарска гаранција од околу 6 милиони евра.
Единствен ризик јас што го гледам како изведувач е доколку некој дел некој дел од трасата е со незавршена експропријација. Тоа е пречка со која што ние се соочивме во минатите проекти, каде што доколку н ее зваршена експропријација на некој дел од трасата ние сме буквално во неможност да работиме, вели Тони Каранфиловски од РАПИД БИЛД.
Гансото поврзување чини 60 милиони евра, пари кои Номагас ќе треба да му ги плати на Рапид Билд за изградбата. Од друга страна пак компанијата која врши пренос на гас во земјава има долг од 90 милиони евра и со оваа цифра се најде на врвот на листата должници на финансии. Првиот човек на НОМАГАС, тврди дека станува збор за наследен долг од пред неколку години и дека наскоро ќе биде исчистен.
Долгот е од 2015 година, кога е граден првиот интерконектор лот 1, ние го наследивме истиот и се надеваме во на 12 или 15 кога ќе има собрание законот ќе помине и нема да го има Номагас долгот што го наследи. Не е од парите за интерконекторот, вели извршниот директор на Номагас, Мухамед Елмази.
Кумановски Рапид Бидл сега има рок од 30 дена да се подготви и да почне со градба. Тие на повикот за избор на изведувач дале најниска цена. Велат дека можеле да дадат ваква сума затоа што има поевтинување кај металите. Македонскиот дел од интерконекторот е со должина од 68 километри од Гевгелија до Неготино.
Ирена Чачкова