Вести Економија Македонија Топ вести

Бугарски обвинувања за пругата – Македонски приказни за добра ноќ

Приказни за добра ноќ се изјавите на министерот за транспорт и врски Александар Николоски дека е очигледно оти Софија не сака да ја изгради пругата до границата од бугарска страна, одговара бугарскиот министер за транспорт и врски Гроздан Караџов.

Николоски претходно рече дека бугарската страна ги игнорира македонските барања за средба за договор за изградба на пругата и оти ги известиле европските институции за информациите дека Софија одлучила да не ја реконструира пругата од Софија до Перник. Караџов одговори во интервју за бугарската телевизија БНТ.

  • „Тоа се некакви македонски приказни за добра ноќ, затоа што додека Николоски ги зборува тие работи, тој воз поминал низ Перник, поминал и низ Радомир, стигнал до Ќустендил и од таму запрел на последната станица во Ѓуешево да чека да дојде и македонскиот воз“, изјави Караџов.

Според него, додека Македонија да направи пруга до границата, Бугарија веќе ќе има направено брза пруга по која возовите ќе може да се движат по 160 километри на час.

  • „Ние во моментов проектираме друга линија, 90 проценти нова линија проектираме меѓу Радомир и Ѓуешево, 90 проценти, то ест ништо од сегашната нема биде искористено како траса, токму за да се зголемат лаковите на свиоците и да може да се движиме со 160 километри на час. Само што ние во 2032 година кога ќе стигнеме со возови со 160 километри на час до таму да ги прашам од другата страна дали ќе има тунел или нема да има. Ние го испративме договорот, и каде е Николоски да го потпише“, изјави Караџов.

Македонските власти тврдат дека не сакаат да потрошат стотици милиони евра за пруга која ќе заврши во слеп тунел. Бугарија веќе има изградено пруга до пред македонската граница, но меѓуграничниот тунел треба да се гради со договор меѓу двете земји. Македонската влада има забелешки на нацрт договорот испратен од бугарска страна и бара средба за да се направат исправки.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Битка за македонското столче во судот во Стразбур- 21 кандидат досега се пријавиле за функцијата која трае девет години

Дејан Дејан

„Од ВЛЕН остана лен“, Али Ахмети во Свиларе го прекина политичкиот молк, Мицкоски вели – односите во Владата се одлични

Дејан Дејан

Бејзароски во Топ Тема: Дискреционите права на министрите се извор на дискриминација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе