Вести Економија Македонија Топ вести

Завршува мерката за ограничување на маржите на основните прехранбени производи

Денес престанува да важи владината мерка за ограничување на цените и маржите на основни производи, воведена пред верските празници.

Од министерството за економија велат дека во наредниот период ќе следат анализи, а во случај на злоупотреби, се најавуваат нови, построги мерки.

Според ресорниот министер, Бесар Дурмиши, ефектите од ограничувањето на маржите до 10% биле позитивни, со намалување на инфлацијата и цените на храна и пијалаци.

Но, предупреди дека ако се забележат нагли поскапувања, ќе следи ширење на мерките на речиси сите производи, со повисоки ограничувања на маржите.

Од 20 март, мерката опфати 102 групи производи и утврди максимални цени за осум категории.

Сега, новите измени во Законот за заштита на потрошувачи обврзуваат маркетите секојдневно јавно да ги објавуваат цените на своите веб-страници.

СДСМ: Мерките на Владата за намалување на цените беа неуспешни, граѓаните плаќаат највисоки цени во регионот

Економската криза сè повеќе го погодува џебот на граѓаните, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само што не успеа да ја стабилизира ситуацијата, туку ја влоши со низа неефикасни и задоцнети мерки. Наместо системско решение за спречување на ценовните шокови, добивме маркетиншки трикови и привремени потези кои немаат реален ефект, вела од опозициската СДСМ.

  • Најдобар пример за тоа е таканаречената „новогодишна кошничка“, која се претстави како мерка за намалување на трошоците, но заврши како обична медиумска манипулација. Во реалноста, потрошувачката кошничка секој месец расте. Во април порасна за 836 денари – алармантен податок што покажува колку се неефикасни владините интервенции. Цените на основните прехранбени производи остануваат високи, а платите – особено во јавниот сектор – со месеци не мрднаа од место, се вели во соопштението.

Според СДСМ граѓаните денес живеат полошо од било кога во последната деценија. Северна Македонија има најниски плати во регионот, а истовремено плаќа едни од највисоките цени. Владата нема стратегија, нема визија, нема план. Наместо суштински политики, се сведоци сме на декларативни изјави и обвинувања кон опозицијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украина се повлече од Отавската конвенција за забрана на употреба на противпешадиски мини

Дејан Дејан

Франција сака повеќе време за трговските разговори со САД

Дејан Дејан

Затвор и камшикување за корисниците, Иран го забранува Старлинк

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе