Вести Економија Македонија Топ вести

Трендафилов ги повика сите работници на првомајски протест

На 1-ви Мај има повеќе причини да протестираме отколку да славиме, првиот синдикалец Слободан Трендафилов ги повика сите работници на протест.

Изјава на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

За новите владини мерки ќе зборуваме на 2 мај, утре ќе бараме зголемување на нашите плати за да можеме да си ги дозволиме и ваквите цени во супермаркетите, рече денеска претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов.

Трендафилов, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за утрешниот протест, истакна дека замрзнувањето на цените и маржите даде само половичен резултат.

Се покажа, оцени, дека трговците се алчни и дека на грбот на работниците создаваат огромен капитал.

  • Синдикалната минимална кошничка покажа дека само 6,78 отсто се намалени цените на 63-те основни производи што ги мериме ние. Не беше ни блиску до 10 или на 10 отсто како што ветуваа тргвоците. За жал, Владата, како и многу пати досега, е изиграна од нивна страна. Се надевам дека нема да дозволи да ја изиграат по трет, четврти и петти пат. За новите владини мерки ќе зборуваме на 2 мај, утре ќе бараме зголемување на нашите плати за да можеме да си ги дозволиме и ваквите цени во супермаркетите. Се покажа дека трговците се алчни и дека на грбот на работниците создаваат огромен капитал. Се надевам дека тоа нема да биде случај и на 2 мај. Доколку биде случај, ќе ги преземеме сите мерки што ни се на располагање и кои во минатото ја поттикнаа Владата да носи мерки кои ќе траат и на подолг рок, напомена Трендафилов.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рекордно високи температури во Шпанија

Дејан Дејан

Кремљ: Европските санкции нема да ја принудат Русија на преговори

Дејан Дејан

Украина се повлече од Отавската конвенција за забрана на употреба на противпешадиски мини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе