Се зголемува износот на банкарските гаранции за трговците кои сакаат да работат со преносниот систем МЕПСО. Наместо 16 илјади, вредноста на гаранцијата ќе биде над 80 илјади евра. Се крати и рокот од 60 на 25 дена, во кој ЕВН ќе треба да направи пресметка колку овие трговци направиле отстапувања и колку за тоа треба да му платат на МЕПСО.
Сето ова е одобрено од Регулаторната комисија за енергетика , по барањата од МЕПСО да се изменат правилната за балансирање на електроенергетскиот систем. Со ова о од Министерството за енергетика очекуваат дека ќе се воведе поголема дисциплина на пазарот со струја, а трговците нема да можаат повеќе да прават големи долгови кон МЕПСО. Тоа се случи за време на енергетската криза, кога неколку трговци со струја направија милионски долг кон преносниот систем, кој тешко го враќаат во сопствената каса.
Тогаш дел од експертите сугерираа дека во овој дел мора да има измени. Меѓу компаниите кои станаа должници се најде и онаа на синот на поранешниот висок функционер Муса Џафери, Аријанит Џафери.
За време на кризата овие трговци за да не плаќаат електрична енергија по далеку повисоки цени, ја користеа балансираната на МЕПСО која пак ја влечеше од Европската мрежа и се доведе во ситуација да добие опомена и можност за плаќање на пенали. Долговите на трговците се најдоа и во извештаите на Државниот ревизор.
Исто така, се размислува во следниот период да се зголеми и износот на основачкиот влог за отворање на фирма за трговија со струја.