Вести Економија Топ вести

Потрошувачката кошничка сè уште се токми, живеачката добра само со странска пензија

Што ќе има од овошје и од зеленчук, какви други производи ќе влегуваат, дали и каков годишен одмор ќе стои во пресметката? – Сите овие прашања сè уште висат, затоа што новата анализа на потрошувачката кошничка не е направена. Пред извесно време, заменик-министерот за економија Ристески кажа дека до крајот на месецов ќе се најде на ЕСС, а претходно синдикатите, организацијата на работодавачи и потрошувачи ќе ја добијат на увид. Но, сè уште нема ништо од тоа, а до крајот на април остануваат уште пет дена. Од министерството за економија денеска, пак, за Телма соопштија дека на кошничката сè уште се работело.

Кога би се закажал состанокот на кој претставниците од Владата, ССМ и работодавачи треба да дискутираат за кошничката нема информација, а од друга страна сè уште трае и процесот со кој треба да се утврди репрезентативноста на ССМ, нешто без што не може да се случи тој состанок.

Она што засега се знае дека новата кошничка повеќе нема да се вика минимална, туку просечна. Првичните најави беа и дека нема да биде за четири, туку за три члена.

На ова реагираа и дел од бизнис заедниците кои сметаат дека во овој дел не треба да има измени.

Се знае и дека нема да се пресметуваат цигарите и алкохолот, но овие производи и досега не беа дел од кошничката која ССМ ја објавува секој месец.

Додека се анализира што се треба да влезе како месечен трошок на домаќинствата, полека се ближи денот кога треба да заврши мерката ограничени маржи. Граѓаните кои ги анкетиравме поделени, едни не забележале поевтинување со мерките и одвај го туркаат месецот со примањата, други пак приметиле промени во цените и  велат имаат доволно за да ги покријат трошоците, но станува збор за луѓе кои имаат пензија од странство.

„Малку јадам, сама сум, пензија имам добра“, вели скопјанка.

„Не гледам намалување. Мислам скапо е, јас земам пензија од странство, стигнуваат. Инаку не верувам дека би стигнале со македонски пензии“, коментира нејзин сограѓанин.

„Не е ништо намалено, со пензија крпиме ден за ден“, коментира друг жител на главниот град.

„Има поместување по мене, и имам солидна пензија од Хрватска, примам така што можам да издржам“, рече скопјанец.

До промена на пресметката на потрошувачката кошничка дојде, откако од Владата реагираа дека во нејзе има чудни производи и дека треба да има измени. Откако прво со реакција излезе премиерот Мицкоски, потоа свои забелешки изнесе и министерката за финансии Кочоска.

Инаку, според последните податоци, во март во споредба со февруари кошничката е намалена за околу 1.600 денари, но во април во однос на март пораснала за над 800 денари.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Папа Франциск – човекот на промените во Католичката црква

Дејан Дејан

Вчера верба, денеска сомнеж – Трамп скептичен дека Путин сака крај на војната

Дејан Дејан

Електронски до неосудуваност

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе