Спорт Фудбал

ФФМ без милост за Воска: Драконска казна и суспензии за тренерот и претседателот

Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија денеска ја соопшти казната за Воска по скандалозното напуштање на натпреварот со Вардар изминатиот викенд во рамки на 28.коло. Клубот загуби бодови, доби парична казна, а претседателот Нефи Усеини, како и тренерот на тимот се суспендирани на две години.

Воска остана без девет бодови од своето салдо во Првата фудбалска лига, поради напуштање на натпреварот со Вардар во 76-тата минута на стадионот во Охрид при резултат 1-1. Клубот треба да плати и казна од 7.500 евра за напуштањето на натпреварот и слаба организација на истиот.

Претседателот на Воска, Нефи Усеини доби забрана за вршење функција во фудбалот од две години и ќе мора да плати 1.500 евра казна поради тоа што ја повикувал екипата да го напушти натпреварот. Суспензија од две година доби тренерот Арбри Клодиан, а капитенот Агон Хали доби забрана за настап од еден месец.

Воска беше незадоволна од судењето на натпреварот па затоа реши демонстративно да не го доигра дуелот. Вардар ја доби победата со службени 0-3.

Воска и онака се наоѓаше на последното место на табелата со 22 бода па сега со казната има 13, дури 11 помалку од Беса и Брера, кои се пред нив, односно 13 помалку од сигурната зона. Бодовната казна значи дека Воска е на самиот праг на Втората лига на само пет кола до крајот на сезоната.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Првиот чекор кон финалето е направен, Алкалоид го совлада Рунар

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Работнички со пресврт до победа против Пелистер

Дејан Дејан

Мајами и Мемфис се последните учесници во плеј-офот во НБА (ВИДЕО)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе