Вести Култура

Проблемот со платите во културата на пратенички прашања

Проблемот со исплатата на мартовските плати во државните и во локалните установи од културата се прелеа во Собранието. На пратенички прашања, поранешната министерка за култура и пратеничка од СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска го праша министерот за култура и туризам, Љутков, зошто новите решенија за исплата на платите не биле направени и доставени на време до институциите.

„Зошто урнек решенијата се испратени дури на 10 април до установите, знаејќи дека имате безмалку 100-тина установи под министерството за култура и 49 под локалната самоуправа. И зошто дури на 10 април се добиени урнек решенијата и не се потпишани околу тоа кој се ги изработува. Дали не бевте во државата?“, праша Бисера Костадиновска Стојчевска, пратеничка од СДСМ.

Љутков и реплицира дека не е точно дека тој бил отсутен од државата и дека правеле посебни решенија, со што не успеале да ги изготват на време, за исплата на платите.

„Не е точно. Јас бев во Македонија кога требаше да се решава овој проблем. Јас не сум како вас да барам да одам во Стразбур во време на најголемата несреќа што ѝ се случи на Македонија“, одговори Зоран Љутков, министер за култура и туризам.

Костадиновска Стојчевска му рече и дека од лани има мислење од Уставниот суд за Колективниот договор за култура, во кое стоело дека за него не е потребно мислење од Министерството за финансии. Но, според министерот за култура, Колективниот договор за култура, со кој платите на вработените во културата со порастот на минималецот во март, требаше да пораснат за 8,5 %, е штетен и дека е потпишан од поранешен министер без да знае што потпишува.

Љутков кажа дека со тој Колективен договор буџетот во културата од 60 % за плати и 40 % за програмски активности, бил сведен на 90 % за плати и 10 % за програмски активности. Според министерот, платите што сега се исплаќаат по новата пресметка, нема да придонесат за кратење од програмските активности, како за време на министерувањето на Костадиновска Стојчевска.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Претседателката на ДКСК Татјана Димитровска е осомничена за оддавање на службена тајна

Дејан Дејан

Ивановска: Собранието ги избира членовите за кандидати и тоа треба да го зајакне надзорот

Дејан Дејан

Осомничени уште три лица во предметот „Адитив“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе