Четири бебиња од пар 100-годишни желки од Галапагос изведени во зоолошката градина во Филаделфија беа прикажани пред јавноста. Нивното прво појавување се случи на годишнината од пристигнувањето на нивната мајка во Зоолошката градина, пред 93 години, на 23 април 1932 година.
Родителите кои припаѓаат на критично загрозен вид западни желки од Санта Круз Галапагос, за прв пат имаат подмладок. Зоолошката градина соопшти дека има само неколку илјади од нивниот вид на глобално ниво. Женката, го држи рекордот како најстара која за прв пат станала мајка од својот вид. Нивното прво младенче се изведе на 27 февруари.
Зоолошката градина ја покани јавноста да учествува во именувањето на четирите младенчиња. Островите Галапагос, во Тихиот Океан во близина на Еквадор, се дом на желките Галапагос. Овие желки се најголемиот жив вид во моментов, при што мажјаците достигнуваат тежина до 500 килограми, а женките обично тежат околу 250 килограми.