Во кафе-книжарницата „Буква“вечерва беше промовиран романот „ЈОД“ од Снежана Младеновска Анѓелков.
Авторката и психологот/психотерапевт Марија Стефанова ја претставија содржината на овој кус, но силен роман објавен кон крајот на минатата, 2024 година за издавачката куќа „Или-Или“.
Нејзиниот прв роман „Единаесет жени“ ја доби наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ и истиот потоа доживеа уште четири изданија.
Вториот роман „Молчи со отворена уста“ (2019) беше финалист за истата награда.
Снежана Младеновска Анѓелков дипломирала на ФДУ на отсекот за филмска и ТВ-монтажа во 2000 година, а во 2012 магистрирала во оваа област. Нејзиниот прв роман „Единаесет жени“ (2011, „Или-Или“) ја доби наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“ и потоа имаше уште четири изданија. Вториот роман „Молчи со отворена уста“ (2019) беше финалист за истата награда.
Во 2022 година ја објави и „Луѓето, а не градот“, книга посветена на Скопје кое веќе го нема. Во 2014 година ја издаде и филмско-есеистичката книга „Слики со животна уверливост“. Застапена е во тематските збирки раскази „Тивка анестезија“ (2016, Антолог) и „Скопски раскази“ (2023, Темплум), во антологиите „Best European Fiction 2017“ и „Contemporary Macedonian Fiction“ (2019) на Dalkey Archive Press, како и во хрватското списание за литература „Artikulacije“ (2023) и „Michigan Quarterly Review“ (Fall 2024) објавено од Универзитетот во Мичиген, САД.