Вести Економија Топ вести

Ивановски: Проекциите за раст на ММФ се пореални од оние на Владата, за подобар БДП неопходни се инвестиции

ММФ со по песимистичка прогноза за македонската економија од онаа на Владата. Предвидува раст за годинава од 3,2 отсто, еден од пониските во регионот и инфлација од 3, 4 проценти. Очекувањата на Владата се пак дека ќе биде 3, 7 отсто. Домашните експерти сметаат дека прогнозите на фондот се пореални од владините. Но, со оглед на глобалните случувања и неизвесноста нема да се изненадат ако ваквата проекција во следниот период отиде надолу.

  • Според, мене би биле задоволни со 3 проценти раст на македонската економија,  иако знаеме дека таа стапка не може да предизвика драматични промени на животниот стандард бидејќи на државата и требаат во континуитет над 4 или 5 проценти, a според мене дури ако немаме посеризона активноста од страна на НБРМ можно е да имаме и повисока стапка на инфлација, вели универзитетскиот професорот Зоран Ивановски

Смета дека за поголеми проценти потребни се поагресивни мерки. Од една страна охрабрување на приватните инвеститори, а од друга целосна реализација на капиталните проекти.

Познавачите предупредуваат да се внимава со буџетското трошење и задолжувањата затоа што фискалниот простор е стеснат, а може да се  вивне и инфлацијата.

  • Фискалниот простор е истрошен и секое натамошно зголемување на јавниот долг ќе биде дополнителен притисок на националната економија и зголемување на ризиците, а со тоа и помалку одржливи јавни финансии на долг рок,  додава Ивановски

Проекциите на владата пак се дека економијата годинава ќе порасне за 3, 7 отсто, а инфлацијата ќе биде 2,2 проценти. Капиталните инвестиции се високо проектирани над 700 милиони евра. Но, во првиот квартал реализирани се нешто над 10 отсто. Се најави и задолжување од нови 500 милиони евра, но за сега не се открива од каде ќе биде.

Во регионов пак најголем раст се очекува да има Косово од 4 отсто. Потоа Албанија, па Србија, Црна Гора е со иста проекција како Македонија. Понизок раст од македонскиот се очекува да има БИХ од скромни 2, 8 проценти. Премиерот Мицкоски пак пред извесно време кажа  дека годинава Македонија ќе биде 5 та земја во Европа според економскиот раст.

Поради трговската војна ММФ ја намали и прогнозата за раст на светската економија.

Ирена Чачкова 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Промовиран романот „Јод“ од Снежана Младеновска Анѓелков

Дејан Дејан

Тренчевска: Kапиталните инвестиции во 2024 изнесуваа 16 посто, а денес 10 посто

Дејан Дејан

Три ипол години казна затвор за Стевчо Јакимовски пресуди Кривичен, за изградбата на административната зграда на општината

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе