Вести Култура

65 „ Охридско лето“ спој на класиката и современиот уметнички израз

Спој на класиката и современиот уметнички израз. Вака е конципирано годинашново, 65 роденденско издание на фестивалот Охридско лето. Традиционално, ќе започне на 12 јули во Античкиот театар, со музичко – визуелниот спектакал „ Трансформација на сетилата“ , во кој ќе настапат Македонската филхармонија и уметници од САД. А, фестивалот ќе биде затворен на 20 август, со изведба на претставата „ Електра“ во режија на Дејан Пројковски.

Престојното 65 јубилејно издание на фестивалот Охридско лето во знакот на трансформацијата. Програмата ја претставија новиот директор и селекторите на музичката и драмската програма. Таа годинава оди под мотото „ Уметноста трансформира“, со што се потенцира моќта на уметноста да го промени општеството и да отвори нови перспективи. А , “ Трансформација на сетилата “ е насловот на спектаклот со кој што на 12 јули на Античкиот театар ќе започне годинашното “ Охридско лето’’.

Визуелно – музичко доживување најави новиот директор на „ Охридско лето“ , тенорот Ѓорѓи Цуцковски , за отворањето на фестивалот.

  • „Со особена чест ги најавувам Едвин Оутвотер – диригент , Клер Хуангчи пијано, двајцата од САД, оркестарот на Македонската филхармонија и Рафаел Карико- визуелен дизајнер. На Античкиот театар ќе приредиме исклучително музичко – визуелно доживување со импресивни видео проекции и употреба на најсовремени визуелни технологии“ изјави Ѓорѓи Цуцковски- директор на фестивалот Охридско лето.

Уште еден спектакал публиката ќе види на 3 август. Се работи за „ Кармина Бурана –Симфонија на Битовите“, со учество на повеќе од 70 уметници и со електронското дуо IDQ од Србија. Тоа ќе биде вовед во прославата на 65 роденден на „ Охридско лето“ на 4 август, кога рецитал ќе одржи нашата примадона Ана Дурловски. Меѓу музичките настани на ова издание, конципирано како спој на класиката и современиот израз, се и  настапите на пијанистите Михаил Пљетнов и Лукаш Вондрачек, виолинистите Вадим Глузман и Џек Либек, уметницата на кастањети Лучера Тено со харфистот  Хавиер Де Маестре и Нашиот џез оркестар со Шон Кути.

  • „Целта на музичката програма беше да создадеме платформа за културна размена на врвно ниво, со уметници чиј втор дом се најреномираните светски концертни сали. Сакавме да покажеме кои се нашите вредности , но и со искрен интерес да ги чуеме нивните“ изјави Симона Ѓорчева- селекторка на музичката програма.

А, во драмската програма што ја претстави селекторот Ненад Витанов се планирани премиери на Турскиот и Драмскиот театар од Скопје, монодрамата на актерот Игор Ангелов „ Сите најубави нешта“, изведба на остварувањето “ 12“ од МНТ и детска претстава.

Според министерот за култура и туризам , Љутков, фестивалот Охридско лето не само што промовира и поттикнува културен туризам, туку ја јакне нашата економија.

За ова фестивалско издание Министерството за култура и туризам издвои 31 милион денари. А, „Охридско лето“ ќе биде затворено со премиера на претставата „ Електра“ во продукција на Театарската асоцијација од Јужна Кореја и НУ Охридско лето. Режијата ја потпишува нашиот Дејан Пројковски.

За Телма од Охрид Сотир Трајков

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Промовиран романот „Јод“ од Снежана Младеновска Анѓелков

Дејан Дејан

Тренчевска: Kапиталните инвестиции во 2024 изнесуваа 16 посто, а денес 10 посто

Дејан Дејан

Три ипол години казна затвор за Стевчо Јакимовски пресуди Кривичен, за изградбата на административната зграда на општината

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе