Македонија е меѓу земјите со прогноза за понизок раст на економојата во најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). ММФ прогнозира и оваа и следната 2026-та година Македонија да ги заврши со раст на БДП од 3,2 проценти.
Прогнозите се и дека 2025-та, државата ќе ја заврши со стапка на инфлација од 3,4 отсто, а следната таа да падне на 2,2 проценти.
Дефицитот на тековната сметка според прогнозите на Фондот треба да биде 2,2 проценти.
Од земјите во регионот, за Србија прогнозите се да биде со економски раст од 3,5%, Албанија да има повисок БДП за 3,8 проценти, а Косово 4 отсто.
За Црна Гора се прогнозира да има раст на БДП ист како Македонија односно 3,2%, а со најнизок раст на економијата да биде БИХ со 2,8 отсто.
Бугарија која е и земја членка на ЕУ пак се очекува да ја заврсши 2025-та со раст на БДП од скромни 2,5%.