Вести Економија Топ вести

Нови вработувања, возила и опрема за да нема повеќе паушални сметки, но може да поскапи струјата

За да нема повеќе паушални сметки за струја, Електродистрибуција ќе мора да се доекипира со кадар за работа. Првиот регулатор Бислимовски вели дека ги чека анализите од компанијата кои треба да покажат колку би ги чинело сето ова и дали ваквиот трошок би се одразил на цената на струјата.  Ако има значително поскапување на електричната енергија ќе се бара некое решение.

  • Апсолутно станува збор за кадар за луѓе до кога се исплати, колку луѓе да се вработат, дека идеално никогаш не може да има. Нема потреба на пример да се читаат броила во оддалечени подрачја каде што навистина во зимските месеци не може тоа да се направи, да видиме тие броила колкав број се за да имаме реална слика. Да не ги оптоваруваме сите потрошувачи во државата, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.

Од Електродистрибуција за Телма велат дека се уште се прават анализи колку точно луѓе ќе бидат потребни за да може броилата да се читаат еднаш во  месечно. Велат дека не станува збор само за кадат туку и за потреба од возила и опрема. Анализите кога ќе бидат готови ќе ги достават до регулаторната комисија.

Деновиве од инженерите излегоа со забелешки дека со новиот Закон за енергетика ќе се озаконат паушалните сметки проблем кој се провлекува со години. Бараат некои од членовите да се тргнат и изменат. Од Министерството за енергетика појаснуваат дека според европските закони најмалку еднаш годишно Втреба да се читаат броилата за струја.

  • Но, тоа не ја исклучува можноста Регулаторната комисија да направи читањето на  биде почесто. Ова е предвидено и во сегашната верзија на законот. Законот е во собрание но сме отворени за сугестии и доколку има потреба ќе има допрецизирање на одредени членови, велат од министерството.

И од РКЕ уверуваат дека и покрај содржината во европските закнови они ништо не спречува кај нас броилата да се читаат еднаш во месецот.

  • Во загонот за енергетика сегашниот, претходните, во новиот во цело еврпско законодавство е наведено најмалку еднаш годишно. Значи најмалку треба да биде еднаш годишно, но тоа не го остава на РКЕ да каже да биде 12 пати годишно тоа не е никаков проблем, додава Бислимовски.

Инаку, проблемот со паушалните сметки ескалираше зимава кога доста граѓани се пожалија дека сметките за струја им се дуплирани. Потоа РКЕ побара да се испорачаат нови фактури.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ниту 2,15 милиони евра не му помогнаа на Јахоски да биде пуштен од притвор

Дејан Дејан

Ограбен домот на Битиќи: сеф со злато, 50 илјади евра и рачни часовници украдени од домот на поранешниот пратеник

Дејан Дејан

ЗНАМ најавува соработка со ВМРО-ДПМНЕ на претсојните локални избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе