Вести Култура

Спроведување на законски акти и засилена контрола при управување со културното наследство преку јавно-приватно партнерство

Бура од реакции на социјалните мрежи по изјавата на министерот за култура и туризам Зоран Љутков, за тековни разговори за отстапување на управувањето на нашето културното наследство на приватниот сектор, дадена во емисијата на Телма „ Вин- Вин“, со цел, како што кажа министерот, преку јавно -приватно партнерство артефатките пошироко да се претстават пред јавноста и да има економски бенефит од посетите, како што е тоа случај низ светот. Во реакциите, граѓаните се прашуваат дали изјавата е дадена немушто или е лажна вест, а пак експерти го осудуваат Љутков за изјави кои , како што велат, се граничат со негрижа, а министерот демострирал целосна неинформираност за тоа како се штити, управува и се толкува културното наследство.

Телма го консултираше поранешниот раководител на Секторот за движно наследство во Управата за заштита на културното наследство. Во телефонскиот разговор Валентино Димитровски кажа дека во Македонија и сега имаме примери на културно наследство, какви што се верските објекти, кои што се во сопственост на верските заедници, а има и објекти во приватна сопственост.  Од аспект на Законот за заштита на културното наследство не е важен менаџерот или корисникот на доброто, потенцира Димитровски.

  • Многу е побитно почитувањето на законските рамки , на законските и подзаконските акти  и одредби на пропишаните заштитни режими  за дадени објекти. Тоа е како прво. А, како второ пак, од страна на надлежните служби , стриктно контрола на спроведување на тие акти, особено на актите за заштитните режими за конкретен објект, со што би се обезбедило соодветен третман на секој поединечен објект или добро од културното наследство. Во таа смисла , јас не гледам ништо лошо или ништо погрешно во идејата, рече Валентино Димитровски, поранешен раководител на Секторот за движно наследство во УЗКН.

Доколу се прави проект за управување со културното наследство преку јавно – приватно партнерство, треба да се внимава на критериумите за давање под концесија. Тие треба да се во согласност со законските одредби, а особено да се засилат службите за инспекциски надзор. Но, во тој дел сме слаби , смета Димитровски.

  • Досегашното искуство за жал не оди во прилог дека имаме ние доволно капацитет во овој момент за такво нешто. Инспекциските служби недоволно си ја вршеле својата работа, не заради самите нив толку, колку заради отпорот и неподржувањето од надлежните служби, надвор од службата на заштитата на културното наследство, кажа Димитровски.

Потребни се и законски измени за менаџирање на културното наследство со јавно -приватно партнерство, потврдува Димитровски.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Тоше Поп Симонов – легендарниот творец на македонската поп сцена

Дејан Дејан

Косовскиот парламент не успеа да избере нов претседател

Дејан Дејан

Министерот без ресор Шабан Салиу со порака: Дали македонскиот правосуден систем е свесен дека намерно создаваат нови жртви?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе