Вести Култура Македонија

Почина Тоше Поп Симонов – легендарниот творец на македонската поп сцена

На 63 годишна возраст почина Тоше Поп Симонов, познатиот музички автор, композитор и и продуцент. Тој позади него остави бескрајна трага кога станува збор за македонската музика.

Поп Симонов во својата долга кариера соработуваше со бројни македонски, но и регионални изведувачи меѓу кои се и Тоше Проески, Дарио, Верица Пандиловска, „Фрајле“ и Алка Вуица.

Неговите пријатели се простуваат од него со зборовите: „Човек кој допре, заигра и стопли милиони срца, денеска неговото не издржа. Тоше Поп Симонов ќе живее вечно преку своето дело и поменот кој го остави кај сите кои го познаваа. Нека му е вечна слава!“

Во раните 1980-ти, Поп-Симонов бил член на групата „Пост Скриптум“, од која подоцна произлегол култниот бенд „Бастион“, каде што свирел гитара заедно со Кирил Џајковски. Во 1991 година, тој бил продуцент и композитор на албумот „Бубачки и градски ѕверки“ на Ена Веко, за кој ги напишал и продуцирал повеќето песни. Поп-Симонов исто така соработувал со Јаков Дренковски на албумот „C’est la vie“ (1991), каде што бил електричен гитарист и тонски инженер. Познат е и по својата работа како тонски инженер и продуцент, вклучително и во студиото „Јатаган“ во Скопје.

Во поново време, Поп-Симонов работеше на песната „Знам дека сто посто те знам“ на Бени и Нон Стоп, објавена во октомври 2024 година, каде што бил одговорен за музиката, текстот, аранжманот и продукцијата. Една од значајните соработки на Поп-Симонов е со хрватската пејачка Алка Вуица.

Во 2024 година, тој го аранжирал нејзиниот сингл „Не мислим више на тебе“. Песната е компонирана од Марија Мирковиќ, а текстот е напишан од Алка Вуица. Оваа соработка се случила спонтано, кога Марија и нејзината менаџерка Лидија Самарџија биле во Скопје и му ја претставиле песната на Поп-Симонов. Тој веднаш почувствувал инспирација и додал етно елементи и посебна емоција во аранжманот. Алка Вуица изразила задоволство од соработката и изјавила дека ова е прва соработка со Поп-Симонов, кого го ценела долго време.

Тоше Поп-Симонов има придонес и во филмската музика, како што е неговата работа на филмот „Пред дождот“ (1994), каде што бил дел од музичкиот оддел.

Погребот ќе се одржи во вторник на 22.04.2025  од 11:30 часот на градските гробишта во Бутел.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Москва и Киев разменија воени заробеници пред Велигден

Дејан Дејан

Собир на вработени во РТС: Ако раководството не ни се обрати итно – ќе сметаме дека се повлекле

Дејан Дејан

Косовскиот парламент не успеа да избере нов претседател

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе