Вести Македонија

Штипската модуларна болница ќе стане специјалистичка амбуланта

Штипската модуларна болница која по пандемијата остана празна и беше мета на крадци и вандали ќе се пренамени во специјалистички амбуланти.

Закажани специјалистички прегледи преку „Мој Термин“ наместо во старата зграда на болница ќе се прават во овој објект. Околу 90 посто од постапката за преадаптација е завршена.

 -Наша цел е да се направи реконструкција и преадаптација за прегледи преку „Мој термин„. Речиси 90% од целата процедура е завршена, имаме пуштено барање до Управен одбор на Фондот за здравство и чекаме одобрување на потребните финансиски средства. Во план ни е процедурата да започне и да се заврши што е можно поскоро, вели Владко Захариев-дир.на КБ-Штип.

Болницата со Општина Штип ќе го уреди и просторот околу модуларната болница, односно потребно е да се изгради паркинг и пристап до самиот објект.

Захариев вели и дека  според анализите на Клиничка болница-Штип лани низ сите амбуланти се прегледани над 150.000 пациенти, а најголема гужва има на ортопедија и хирургија.

Со дислокација на амбулантите за прегледи преку „Мој термин“ ќе се овозможи и да се отвори и Ургентниот центар на штипска Клиничка болница.

Викторија Јованова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Загинати 80 лица во американските напади врз Јемен

Дејан Дејан

Нови дигитални услуги на МВР достапни на интернет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе