Дел од јавниот сектор за Велигден без плата. По, вработените од Министерство за економија, пазарниот и трудовиот инспекторат без примања останаа и оние од центрите за социјална работа и институциите под министерството за култура.
За центрите за социјална работа од УПОЗ за Телма велат дека се обиделе да добијат одговор зошто се уште не им е пуштена платата, но не добиле никаква информација. Од синдикатот појаснуваат и дека освен што се без плата, центарот во Карпош и домот за згрижување на бездомници во Чичино Село , останале без струја поради неплатени сметки.
„Очекуваме ние средба со социјална политика имаше најава дека се најдени пари не само за оваа плата, туку и за покачувањето, но изненадени сме од оваа ситуација баш токму пред празникот вработените нема да земат плата. Причината поради која центрите немаат земено плата не ја знам не можам ни да потврдам точно“, изјави претседателот на УПОЗ, Трпе Деановски.
Од синдикатот за култура пак се жалат дека во повеќе нивни институции исто така доцни платата за март. Тврдат дека стапиле во контакт со финансии од каде им било посочено дека за да се пуштат парите се чекале насоки од горе. Министерот Љутков пак вината ја префрли кај институциите. Навреме не ги подготвиле платите со зголемениот минималец.
„Добро е што реагирале јас мислев дека ќе пофалат и ќе реагираат на 40 отсто зголемување на средствата за програмите. Платите се изработени од институциите, Министерството за култура ги има испратено до Министерство за финансии и сега се чека да се одобрат. Тука нема ништо спорно нема никакво задоцнување колку што можам да забележам до сега. Едноставно институциите требаше да бидат подготвени на ова да знаат дека следува ова покажување и требаше со време да си ги изработат платите“, вели министерот за култура Зоран Љутков.
Причината за немањето плата во економија и двата инспекторати трудов и пазарен пак е лоцирана во систематизацијата, односно со трансформацијата на институциите се јавуваат дупли позиции, појаснуваат од УПОЗ.
Според, неофицијални информации во ова министерство имало лица кои не оделе на работа, а добивале плата. За ова министерот Дурмиши соопштил уште на почетокот на годинава. Така стоело во извештајот на ревизијата. Но, комисијата која треба да утврди дали, кој и колку лица го правеле тоа, според информациите се формирала дури денеска
Инаку, во јавниот сектор оние вработени кои добија плата за март им се исплати без покачувањето од 12 отсто, кое требаше да им се пресмета согласно општиот колективен договор.
Ирена Чачкова