Вести Македонија Топ вести

ОЈО Тетово бара повисока казна за Пајазити кој смртно ја прегази младата Теодора Ристовска

Обвинителството поднесе жалба на двегодишната пресуда за Менсур Пајазити за сообраќајката во која животот го загуби Теодора Ристовска во Тетово. Според обвинителството, казната е преблага.

Тетовското обвинителство го имало предвид мислењето на Судскиот совет според кое првостепената пресуда не можела да биде повисока од онаа на Апелација која првиот пат досуди две години. Советот се повика на законскиот член кој предвидува забрана за менување на пресудата на полошо за обвинетиот во ситуација кога само тој поднел жалба.

Од обвинителството посочуваат дека Судски се произнел пред предметот да биде правосилно завршен. Жалбата ја поднеле затоа што им била дозволена со првостепената пресуда, но и поради семејството на жртвата кое нема право да се жали, но побарало од обвинителството тоа да го стори.

„Со оглед на тоа што Јавното обвинителство во претходната постапка за овој настан во ниту еден момент не се согласило со двегодишна затворска казна, надлежниот јавен обвинител смета дека сепак има простор за корекција на санкцијата. Општиот јавен интерес, предизвикан од зачестеноста на вакви кривични дела како појава, укажува на потребата од јакнење на казнената политика како превентивен механизам, па јавниот обвинител одлучи да ја искористи законската можност и да побара од Апелацискиот суд Гостивар да ја преиначи казната во повисока“, велат од обвинителство.

Тетовскиот суд првично му пресуди на Пајазити три и пол години затвор. Обвинителството не се жалело. Потоа на јавната седница пред гостиварска Апелација, вишата обвинителка Вјолца Елмази се премислила и го променила писмениот став, па барањето да се одбие жалбата на Пајазити го сменила со предлог да му се изрече поблага кривична санкција, а апелационите судии досудиле две години затвор.

Државниот обвинител Љупчо Коцевски го побарал предметот од гостиварското вишо обвинителство за да го разгледа во детали текот на постапката.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе