Вести Култура Македонија

Љутков во Вин-Вин: Да го дадеме културното наследство на приватниот сектор да може да прави бизнис од него

Министерот за култура и туризам смета дека во последните години има загрозување и уништување на културното наследство и штетата е од големи размери.

За културното наследство Зоран Љутков смета дека се потребни законски измени во делот на културното наследство како и национална стратегија за сите објекти кои се под заштита. Како главен проблем го потенцираше и непостоењето на инфраструктурата на многуте објекти кои спаѓаат под културно наследство, а како пример го зеде Кокино кое воопшто нема струја.

Решението според Љутков за издигање на културното наследство е менување на законот со што ќе се овозможи на приватниот сектор да може да прави бизнис од него и на тој начин да се материјализира целата работа.

„Затоа ние денес разговараме за законски измени да може да се отвори структурата како владини институции нашето културно наследство да го дадеме на приватниот сектор за да може да прави бизнис од него. На тој начин со приватно јавно партнерство може да се материјализира целата работа. Целиот свет се отвори на тој начин, а само ние останавме да го штитиме и да го затвораме. Јас ќе жалам ако сега не ги отвориме законите и не направиме промени“ изјави Љутков. 

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков зборуваше за брутализмот ѝ за тоа што се случило со него до 2017 година. Според него тоа не може да го оцени и оправда како правилна насока или прикривање на едно архитектонско дело и лепење врз него друго дело. Љутков смета  дека нештата може да се сменат и вратат на првобитниот изглед, бидејќи се само прикриени, но не ѝ уништени како олеснителна околност.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца загинати и 8 повредени во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево

Дејан Дејан

Трамп: Мировниот договор меѓу Украина и Русија мора да се постигне „брзо“

Дејан Дејан

Хутите тврдат: Истрелавме проектили врз Израел и два американски носачи на авиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе