Дел од јавниот сектор за Велигден без плата. По, Министерство за економија, пазарниот и трудовиот инспекторат без примања останаа и центрите за социјална работа и институциите под министерството за култура.
За центрите за социјална работа од УПОЗ за Телма велат дека се обиделе да добијат одговор зошто се уште не им е пуштена платата но не добиле никаква информација. Од синдикатот појаснуваат и дека освен што се без плата, центарот во Карпош и домот за згрижување на бездомници во Чичино Село останале без струја поради неплатени сметки.
Причината за немањето плата во економија и двата инспекторати трудов и пазарен се лоцира во систематизацијата, односно со трансформацијата на институциите се јавуваат дупли позиции. Дополнително во ова министерство според неофицијални информации вработени не оделе на работа, а добивале плата. За ова минисетрот Дурмиши соопштил на почетокот на годинава. Така констатирала ревизијата. Но, комисијата која треба да утврди дали колку и кои го правеле тоа е формирана дури сега. Уверуива дека ако има таклви ќе добиеле отказ.
Вработените во јавнито сектор пак кои ја добија мартовската плата констатирано е дека во нејзе не е пресеметано и зголемувањето од 12 отсто кое треба да го добијат согласно Општиот колективен договор.