Вести Македонија Топ вести

ТЕЛМА ДОЗНАВА: Осомничениот амбасадор Дритон Кучи се враќа од Норвешка

(ФОТО: МНР) Еден од осомничените во проширувањето на истрагата за трагедијата во Пулс во Кочани е поранешниот министер за економија Дритон Кучи кој во моментот е амбасадор на Македонија во Норвешка.

Според сознанијата на Телма, полицијата со наредба за приведување била во неговиот дом за време на акцијата, но тој бил во амбасадата во Осло.

Откако бил известен за акцијата, Кучи ќе се врати веднаш во државата, со првиот авион, напиша тој на социјалните медиуми.

Денес семејството ме информираше дека претставници на Министерството за внатрешни работи биле во мојот дом во Скопје, барајќи информативна средба. Немам што да кријам и секогаш сум одлучувал да постапувам со чесност и смиреност, дури и кога околностите биле тешки. Секогаш сум избирал да одам по прав пат, дури и кога тој бил најтежок. Зборував кога другите молчеа, и стоев исправен дури и кога се чувствував сам. Верувам во правдата за општото добро. Со првиот лет ќе бидам во Скопје – не за да се оправдам, туку за да потврдам дека транспарентноста и довербата се единствениот пат напред. Тука сум. Со мирна совест, чист пред себе, со непоколеблива волја – пред Бога и пред законите на државата, напиша Кучи на својот фејсбук профил.

Уапсени повеќе функционери во истрагата за пожарот во Кочани

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Три случаи на листериоза за шест месеци – дали јадеме безбедна храна?

Дејан Дејан

(Видео) Екстремно високи температури од среда

Дејан Дејан

Предлог законот на СДСМ за помош на настраданите во пожарот во Кочани заглави во Комисијата за социјална политика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе