Вести Култура Македонија Топ вести

Седум години 2.600 примероци од Правописот на македонскиот јазик стојат заборавени во НУБ „Св. Климент Охридски“

2.600 примероци од Правописот на македонскиот јазик оставени со години низ ходниците на НУБ  „Св. Климент Охридски“ без да бидат дистрибуирани до институциите. Тоа е поразителен податок и парадокс кој го живееме, вели претседателката на Советот за македонски јазик.

За време на редовен попис на капиталните проекти  меѓу кои се „Нобеловците“ и „Ѕвезди на светската книжевност“ вработените во библиотеката сосема случајно низ ходниците на„ храмот на пишаниот збор“ забележале повеќе пакети за кои востановиле дека се примероци од второто издание на „Правопис на македонскиот јазик“ кои биле печатени 2017- та година. До денес е нејасно зошто доколку целиот тираж бил 3000 примероци, 2600 примероци се уште не се дистрибуирани до соодветните институции.

  • Библиотеката во тој период добила проект од 1.400.000 од кои 1.113.000 се исплатени на издавачката куќа „Култура“ за права за тој Правопис и уште 275.000 исплатени на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и од тој проект 9000 денари треба да се останати за НУБ. „Св. Климент Охридски“ за дистрибуција на тој Правопис која што никогаш не се случила- Јовица Никчевски, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“.

Во време во кое во континуитет се инсистира дека јазикот е идентитет и дека тој е нашата татковина, година и половина по донесување на Законот за употреба на македонскиот јазик со години наназад сите овие примероци на Правописот, не се нути во магацините, ниту во депоата на библиотеката, туку стојат во темните ходници чекајќи да го видат светлото на денот.

  • Од она што го имаме како информација на терен е дека ниту една институција нема Правопис во печатена варијанта- Јовица Никчевски, директор на НУБ „Св. Климент Охридски“.
  • Тоа е парадоксот да се донесе Закон за употребата на македонскиот јазик, а да нема достапен Правопис за граѓаните. Тоа е навистина поразително и не се само тие институции туку и училиштата, училишните библиотеки. Онаму каде што всушност е лулката на образованието да немааат Правопис, така што доколку сега се започне со дистрибуција ќе биде во најмала рака, иако задоцнето многу позитивен чекор- д-р Симона Груевска – Маџоска, претседател на Советот за македонски јазик.

Без оглед што Правописот на македонски јазик го има и во електронска верзија, многумина сакаат да го имаат и во печатана форма, вели  Груевска – Маџоска. Во претстојниот период Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ ќе започне со негова дистрибуција до сите библиотеки во земјава и до сите институции каде е потребно.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителството за сите 14 полицајци во истрагата за Кочани побара мерки на претпазливост, притворот укинат и на 7-те од првата група осомничени

Дејан Дејан

(Анкета)Битолчани и вечерва на протест против  Регионална депонија  

Дејан Дејан

Телма интервју со Еленко Миланов, адвокат на екс министрите за економија Бектеши и Незири за случајот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе